1. Оваа промоција е отворена за жителите на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија на возраст од 18 или повеќе години, со исклучок на вработените кај промоторот, агентите, дистрибутерите или компаниите партнери на промоторот или членовите на потесното семејство (дефинирани како родители, деца, браќа и сестри, брачни другари и животни партнери и кое било друго лице со кое живеат), и секој кој професионално е поврзан со оваа промоција.
2. Потребно е купување (освен за жителите на Црна Гора и Северна Македонија). Жителите на Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово, мора да ја зачуваат деталната сметка во која се наведени времето и датумот на купувањето пред пријавувањето, но во рамките на релевентниот промотивен период, бидејќи може да биде побарана за валидација и за да може добитникот да ја добие наградата. Потребен е пристап до интернет, паметен телефон со камера, сметка на Kellogg’s и важечка адреса на електронска пошта.
3. Имајте предвид дека иако сакаме да ве охрабриме да учествувате и да уживате во придобивките од промоцијата, веруваме во разумното консумирање на нашите производи. НЕ купувајте повеќе производи отколку што разумно можете да искористите или да консумирате само за да учествувате во промоцијата.
4. Главен промотивен период: Промоцијата е отворена од 00:01 ч. CET на 7 јануари 2025 г. до 23:59 ч. CEST на 5 мај 2025 г. и во рамките на тој период има 5 потпериоди („Потпериоди“), како што е наведено подолу. Може да се пријавувате од 00:01 ч. до 23:59 ч. секој ден во текот на главниот ппромотивен период.
Потпериод |
Време и датум на започнување |
Време и датум на завршување |
1 |
00:01 ч. на 7.1.2025 г. |
23:59 ч. на 29.1.2025 г. |
2 |
00:01 ч. на 30.1.2025 г. |
23:59 ч. на 22.2.2025 г. |
3 |
00:01 ч. на 23.2.2025 г. |
23:59 ч. на 20.3.2025 г. |
4 |
00:01 ч. на 21.3.2025 г. |
23:59 ч. на 13.4.2025 г. |
5 |
00:01 ч. на 14.4.2025 г. |
23:59 ч. на 5.5.2025 г. |
5. Продолжен промотивен период: По главниот промотивен период, пријавите направени помеѓу 00:01 ч. CEST на 6 мај 2025 г. и 23:59 ч. CEST на 15 јули 2025 г., ќе бидат вклучени во продолжениот промотивен период.
6. За учество во промоцијата само за жителите на Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово: Учесниците мора:
а. да купат лименка Pringles;
б. со помош на паметен телефон или таблет, да ја посетат страницата на pringles.com и да одат до промоцијата Super Mario;
в. Потоа, пријавете се и регистрирајте сметка на Kellogg’s;
г. да кликнат на „Играј сега“; и
д. да го завршат предизвикот во најбрзо време.
7. За учество во промоцијата само за жителите на Црна Гора и Северна Македонија: Учесниците мора:
а. со помош на паметен телефон или таблет, да ја посетат страницата на pringles.com и да одат до промоцијата Super Mario;
б. Потоа, пријавете се и регистрирајте сметка на Kellogg’s;
в. да кликнат на „Играј сега“; и
г. да го завршат предизвикот во најбрзо време.
8. Дополнителни услови за пријавување:
а. Паметните телефони што користат оперативни системи постари од iOS 14 или од Android 9 и модели на iPhone постари од iPhone 8 може да работат побавно, што пак може да влијае врз времето на завршување на учесникот.
б. Предизвикот може да се активира само со мобилна верзија на Safari 17.1 или понова, Samsung Internet верзија 23 или понова или со Google Chrome верзија 119 или понова. За да се активира предизвикот, мора да се овозможи JavaScript за сите апликации.
9. Само за Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово: За секое учество мора да имате нова фискална сметка за купување направено во текот на промотивниот период со датум и време пред времето и датумот на пријавувањето за учество. Победниците мора да ја зачуваат деталната сметка во која се наведени времето и датумот на купувањето направено во рамките на промотивниот период што се пред времето и датумот на пријавување за учество, бидејќи може да е потребна за валидација и за победникот да може да ја добие наградата. Ако не може да се обезбеди доказ за купување за сите пријави, учесникот веќе нема да може да се пријавува во промотивниот период и сите последователни пријави ќе бидат неважечки.
10. Дозволени се најмногу едно (1) учество на ден по лице, за време на секој промотивен период, и најмногу една (1) награда по поштенска адреса за време на двата промотивни периоди.
11. Награди во главниот промотивен период: За време на главниот промотивен период, има вкупно 5 награди за освојување, по една (1) награда по потпериод. Секоја награда се состои од Nintendo Switch и игра Super Mario Bros Wonder, во вредност од 380 евра/XXX ALL/XXX RSD/XXX BGN/XXX MKD/XXX BAM.
12. Награди во продолжениот промотивен период: Има една (1) награда за освојување во рамките на продолжениот промотивен период од Nintendo Switch и играта Super Mario Bros Wonder, во вредност од 380 евра/XXX ALL/XXX RSD/XXX BGN/XXX MKD/XXX BAM.
13. Дополнителни детали и услови за наградата:
а. Eкран од 7”.
б. Широка, приспособлива подлога.
в. Вградени звучници и подобрен звук.
г. 64 GB внатрешна меморија.
д. Не е потребна сметка на Nintendo за користење на наградата, но потребна е сметка за пристап до некои од функциите на Nintendo Switch.
е. Наградата се дава со гаранција од производителот од 24 месеци, за што дополнителни податоци може да најдете тука: www.nintendo.com/en-gb/Support/Nintendo-Switch/Warranty/Warranty-1197434.html.
ж. Учесникот е одговорен да даде точни, ажурирани податоци кога ќе се пријави за учество во промоцијата и/или кога ќе го потврди прифаќањето на наградата за да може да се обработи наградата. Промоторот нема да биде одговорен ако победникот не даде точни податоци и ако тоа влијае врз прифаќањето или испораката на наградата.
з. Промоторот не е одговорен за наградите откако ќе бидат дистрибуирани/испратени до победникот и промоторот нема да биде одговорен за награда којашто не е примена, е скршена или изгубена во транзит.
и. Учествувајќи во промоцијата, учесниците се согласуваат наградата да се додели во состојбата во којашто е и дека промоторот никако не ја застапува ниту гарантира за наградата.
14. Избирање победници во главниот промотивен период: Учесникот којшто успешно ќе го заврши предизвикот најбрзо во секој потпериод ќе се смета за прелиминарен победник во потпериодот од главната промоција.
15. Избирање победник во продолжениот промотивен период: Учесникот којшто успешно и најбрзо ќе го заврши предизвикот во текот на продолжениот промотивен период ќе се смета за конечен победник („Конечен прелиминарен победник“).
16. Доколку има двајца или повеќе учесници со исто време на завршување во текот на главниот промотивен период или по продолжениот промотивен период, тие ќе добијат известување за да одговорат на следново прашање: кои грицки и претпочитате кога гејмате и зошто?
17. Пријавите за учество пристигнати врз основа на горенаведената клаузула 16 ќе ги оценува независно трето лице според:
а. оригиналноста (оцена од можни 10);
б. креативноста (оцена од можни 10); и
в. смислата за хумор (оцена од можни 10).
18. Известување за победниците:
а. Главна промоција: Прелиминарниот победник во секој потпериод (определен врз основа на најбрзото време на завршување на предизвикот или на одговорот на прашањето од клаузула 16) ќе биде известен по е-пошта на адресата за е-пошта регистрирана на сметката на Kellogg's во рок од 28 дена од завршувањето на предизвикот на веб-страницата на Pringles или со одговарање на прашањето од клаузула 16 и од него ќе се побара да обезбеди докази за идентитетот и за подобноста. Доколку прелиминарниот победник во секој потпериод не одговори на првичниот контакт во рок од 14 дена или е дисквалификуван поради некакво прекршување на овие правила и услови, промоторот го задржува правото да му ја додели наградата на следниот најбрз учесник од соодветниот потпериод.
б. Продолжена промоција: Конечниот прелиминарен победник (определен врз основа на најбрзото време на завршување на предизвикот во текот на продолжениот промотивен период или на одговорот на прашањето од клаузула 16) ќе добие известување по е-пошта на адресата за е-пошта регистрирана на сметката на Kellogg's во рок од 28 дена од затворањето на соодветниот продолжен промотивен период и од него може да се побара да даде доказ за идентитетот и за подобноста. Доколку конечниот прелиминарен победник не одговори на првичниот контакт во рок од 14 дена или е дисквалификуван поради некакво прекршување на овие правила и услови, промоторот го задржува правото да му ја додели наградата на следниот најбрз учесник од продолжениот промотивен период.
19. По завршувањето на продолжениот промотивен период, во случај наградите да се одбиени, неиспорачани, непобарани, недобиени или вратени на праќачот во текот на промотивниот период, или ако прелиминарниот победник во главниот промотивен период или конечниот прелиминарен победник (колективно „Прелиминарниот победник“) е дисквалификуван поради некаква повреда на овие правила и услови, промоторот го задржува правото да му ги додели на следниот најбрз учесник што успешно го завршил предизвикот во текот на соодветниот потпериод или на продолжениот промотивен период во којшто првично била доделена наградата. Бидејќи ова зависи целосно од тоа што е освоено во текот на промоцијата, не е познат бројот на награди што може да бидат доделени на овој начин. Сите што станале победници на овој начин, ќе бидат известени по е-пошта во рок од 28 работни дена од крајот на продолжениот промотивен период.
20. Прифаќање на наградата и испорака: Може да биде побарано од прелиминарните победници да дадат доказ за идентитетот или за подобноста. Откако прелиминарниот победник ќе обезбеди доказ за идентитетот и за подобноста, ако му е тоа побарано, треба да проверува дали ќе прими е-пошта со потврда дека е победник, како и дополнителни податоци за наградата. Дозволете до 10 дена за известување за организирање на реализацијата на наградата на адресата на е-пошта што сте ја дале при регистрирањето сметка на Kellogg's.
21. Доколку некој победник не се спротивстави, промоторот ќе ги објави презимето и земјата на победниците 4 недели по завршувањето на промотивниот период и тие ќе стојат објавени 8 недели. Ќе бидат достапни ако контактирате со https://www.pringles.com/ie/contact-us.html и го побарате списокот на победници на Pringles Super Mario 2025. Побединиците може да се спротивстават нивното презиме или земјата во којашто живеат да се објават или да побараат да се намали бројот на информации што се објавуваат користејќи го истиот начин на контактирање. Сепак, имајте предвид дека, дури и ако победникот се спротивставува на објавувањето на неговото презиме и регион, промоторот ќе ѝ ги даде податоците за победникот на Управата за рекламни стандарди на Ирска доколку таа тоа оправдано го побара или на кои било други регулаторни тела за да ги почитува важечките правила и закони.
22. Иако не се очекува, доколку наградата не пристигне во рок од 90 дена од известувањето на победникот, победниците ќе имаат дополнителни 28 дена за да го информираат промоторот преку страницата „Contact Us“ (Контактирајте со нас) на Pringles.com. Доколку победникот не го стори тоа, промоторот го задржува правото да не ја реиздаде наградата или да ја ограничи нејзината вредност по сопствено видување.
23. Посредување: Промоторот ќе ги одбие пријавите врз основа на клаузула 16 што според разумна процена на промоторот:
а. содржат навредлива содржина или можат да влијаат негативно врз името, угледот или реномето на промоторот;
б. клеветат, претставуваат во погрешно светло или навредуваат други лица или компании, вклучувајќи го, но не ограничувајќи се на промоторот (вклучувајќи ги и неговите партнери); и/или промовираат некаква политичка агенда.
24. Одговорност на победниците е да достават точни лични податоци на нивната сметка на Kellogg’s за да ја подигнат наградата. Промоторот нема да биде одговорен за неиспорачување на наградата поради давање погрешни податоци. Поштенската адреса или адресата на е-пошта на победникот не може да се ажурира по пријавувањето.
25. Победниците нема да сносат никакви трошоци за подигнување на наградата или на еквивалентните бенефиции. Потрошувачот може да има трошоци за пријавување за учество во промоцијата. Победниците нема да сносат никакви трошоци за наградата да им биде испорачана од страна на промоторот.
26. Промоторот може да побара победниците да учествуваат во разумни промотивни активности што произлегуваат од промоцијата, вклучувајќи и употреба на името на победникот, гласот, градот/местото на живеење, фотографии, видео или филмски исечоци и/или други визуелни материјали за рекламни и/или трговски цели и/или за некаква друга цел во кој било медиум или формат сега или понатаму познат без дополнителен надомест (финансиски или поинаков). Учеството е по одлука на победникот и не е услов за прифаќање на наградата.
27. Промоторот се обидува да спроведе фер и безбедни промоции и да спречи злоупотреба и мамење. Ако учествувате на начин што не е во согласност со овие правила и услови, пријавите за учество (и тие направени под кој било од поврзаните псевдоними) ќе бидат дисквалификувани, секоја доделена награда може да се прогласи за неважечка и да биде повлечена, а промоторот го задржува правото да ви забрани пријавување за учество во идни промоции за период од најмалку шест месеци. Затоа, промоторот го задржува правото во секој момент:
а. да ја потврди подобноста на учесниците и/или на прелиминарните победници со тоа што ќе побара информации за коишто смета дека се разумно неопходни за таа цел; да не дозволи одобрување на учеството или наградата ако не се направи и не се заврши задоволително процесот на верификација;
б. да дисквалификува пријави за учество што не се поднесени директно од лицето што се пријавува во промоцијата;
в. да дисквалификува пријави за учество поднесени преку анонимни услуги за е-пошта, како што се, меѓу другото, GuerillaMail, Dispostable или Mailinator;
г. да дисквалификува масовни учества од лица, трговци, групи потрошувачи или трети страни, нецелосни учества и учества поднесени со макроа или со други автоматизирани средства;
д. да дисквалификува учества над максимално дозволеното, или оние коишто користат техники како што се „скрипта“, „брутална сила“, повеќе SIM-картички за учество преку текстуални пораки, маскирање на идентитетот со манипулирање со IP-адреси, користење псевдоними или идентитети различни од сопствениот или какви било други средства;
е. да дисквалификува пријави за учество коишто на некој друг начин не ги исполнуваат целосно барањата од овие правила и услови;
ж. да дисквалификува пријави за учество што се завршени под прагот на минималното време за завршување, којшто е разумно утврден од промоторот.
28. Учесниците мора да ги пополнат податоците користејќи го своето правно име. Промоторот го задржува правото да го дисквалификува секој учесник којшто користи повеќе имиња или адреси на е-пошта и да бара од него да ги врати сите награди што можеби ги освоил.
29. Наградите и подароците не се преносливи или заменливи и не може да се откупат за парична вредност или за некој друга форма на компензација. Доколку од некоја причина некој елемент од наградата не е достапен, промоторот го задржува правото, по свое видување, да ја замени со друга награда, со еднаква или со поголема вредност.
30. Сите даноци што треба да се платат за да се подигне наградата се одговорност на победникот.
31. Ако промоцијата не е можно да продолжи како што е планирано од причини вклучително, меѓу другото, манипулации, неовластени интервенции, измама, нечесност, технички дефекти или какви било други причини што се надвор од контрола на промоторот, коишто штетат или влијаат врз спроведувањето, безбедноста, правичноста, интегритетот или правилното спроведување на оваа промоција, промоторот го задржува правото да го дисквалификува секое лице што го попречува процесот на учество или не ги почитува овие правила и услови, или да ги поништи сите засегнати учества и/или да ја откаже, измени или одложи промоцијата.
32. Нема да се преземе никаква одговорност за пријави за учество што се изгубени, задоцнети, видоизменети, оштетени, погрешно упатени или нецелосни или коишто не може да бидат испорачани поради која било причина поврзана со техниката, испораката или со друго. Доказот за праќање нема да биде прифатен како доказ за прием. Промоторот не гарантира континуиран или безбеден пристап до промотивната веб-страница.
33. Промоторот, агенцијата што ќе ја реализира наградата и сите други поврзани агенции и компании нема да бидат одговорни за каква било загуба (вклучувајќи, без ограничување, индиректна, посебна или последователна загуба или загуба на добивка), трошок или штета што е претрпена или нанесена (без разлика дали произлегува или не од небрежност на некое лице) во врска со оваа промоција или со прифаќање или со користење награда, освен за одговорност што не може да се исклучи со закон. Промоторот не се ослободува од одговорност во никој случај за смрт или лична повреда настанати поради негова небрежност.
34. Промоторот нема да биде одговорен за какво било доцнење или неисполнување на обврските поради причини надвор од неговата разумна контрола коишто произлегуваат од, но не се ограничени на, Божји дела, глобална или регионална епидемија или пандемија, неповолни временски услови, пожар, индустриски спор, војна, терористичка активност, непријателства, политички немири, бунтови, граѓански неред, чума или други природни непогоди или какви било други околности на промоторот.
35. Се обврзуваме да ја штитиме вашата приватност. Kellogg Europe Trading Limited (Kelogg) ќе ги обработува вашите информации само за следните цели: (1) Да се спроведе оваа промоција во согласност со правилата и условите, и (2) да стапи во контакт со вас во врска со идни промоции и заради маркетинг цели. Никогаш нема да им ги продадеме вашите податоци на трети лица, но може да ги комбинираме со податоци од други извори со цел да изградиме анонимизирани/псевдонимизирани профили за целно рекламирање. Вашите податоци ќе се обработат и ќе се чуваат на сервери што се наоѓаат во Соединетите Американски Држави. Kellogg се погрижи сите обработувачи на информации што ги користиме да се обврзани во согласност со стандардните договорни клаузули на ЕУ за да осигуриме почитување на заштитата на податоците. Ќе ги чуваме податоците сѐ додека ви важи согласноста и сè додека сакате да добивате маркетиншки дописи. Имате право да пристапите до вашите податоци, да ја повлечете согласноста или да ги избришете. Исто така, имате право да стапите во контакт со орган надлежен за надзор на заштитата на податоци. За дополнителни прашања за тоа како ги користиме вашите податоци, погледнете ја „Политиката за приватност“. Можете да ни се обратите и на DataPrivacyOfficer@kellogg.com. Сите информации собрани во врска со учесниците во оваа промоција ќе се третираат во доверливост во согласност со „Политиката за приватност“ на промоторот и може да се најдат на: www.pringles.com/centraleurope/en/contact-us.html.
36. Доколку се бара со закон или со кодекси за саморегулација што го регулираат функционирањето на промоцијата, од промоторот може да се побара да сподели некои лични податоци на победниците со надлежните органи, само до оној степен до којшто тоа законски се бара. Овие информации може да вклучуваат име, презиме, место на живеење на победниците или кои било други лични податоци што од промоторот се бара да ги сподели.
37. Ако некој дел од овие правила и услови е законски прогласен за неважечки, незаконски или неспроведлив, тоа нема да влијае врз останатиот дел и тој ќе продолжи да биде полноважен.
38. Ако се пријавите за учество, ќе се смета дека сте се согласиле да ги почитувате овие правила и услови.
39. Ако има несовпаѓање помеѓу овие правила и услови и оние во кој било промотивен материјал, овие правила и услови ќе преовладаат.
40. За овие правила и услови важат законите во соодветната земја на секој учесник, а учесниците се под ексклузивна надлежност на судовите во земјата во којашто живеат.
Промотор: Kellogg Europe Trading Limited, 3 Dublin Airport Central (DAC), Dublin Airport, Dublin (регистарски број на фирмата 0387390). НЕ ПРАЌАЈТЕ ПРИЈАВИ НА ОВАА АДРЕСА.
1. Подарок платинести поени на My Nintendo (само за жителите на Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово): од 00:01 ч. CET на 7 јануари 2025 г. до 23:59 ч. CEST на 15 јули 2025 г., корисниците може да побараат 100 бесплатни платинести поени на Nintendo („Подарок“), во вредност од приближно 3,99 евра/466 RSD/393 ALL/8 BAM за користење на својата сметка на Nintendo.
2. Како да побарате и да земете платинести поени на Nintendo:
а. Со помош на паметен телефон или таблет, посетете ја страницата на pringles.com и одете до промоцијата Super Mario;
б. Потоа, пријавете се и регистрирајте сметка на Kellogg’s;
в. Кликнете на „Отвори за поени“;
г. Тогаш, ќе добиете уникатен код којшто може да го искористите на својата сметка на Nintendo;
д. Кликнете на копчето „Искористи код за My Nintendo“ за да ја посетите страницата за подарокот на веб-страницата My Nintendo или одете на [Nintendo promo landing page URL];
е. Следете ги упатствата на екранот за да се пријавите на сметка на Nintendo или бесплатно креирајте нова сметка и потоа соберете ги платинестите поени.
3. Дополнителни податоци и услови за подарокот:
а. Потребна е сметка Nintendo со поставка од европска земја/регион за да се побараат платинести поени.
б. Само еден (1) уникатен код е дозволен по лице и може да се користи за сметка на Nintendo.
в. Сите кодови може да се користат САМО еднаш.
г. Кодовите ќе бидат видливи на сметката на Kellogg's на корисникот до 15 јули 2025 г.
д. Платинестите поени важат само 6 месеци, од датумот кога ќе ги добиете на сметка на My Nintendo. Платинестите поени што нема да се искористат до тој момент ќе исчезнат од сметката My Nintendo на корисникот.
е. Кодовите може да се земат на [Nintendo promo landing page URL] или https://my.nintendo.com/serial_number од 7 јануари 2025 г. до 30 септември 2025 г.
ж. Важат правилата од договорот за сметката на Nintendo и од програмата за награди My Nintendo. За да ги видите правилата и условите од програмата за награди My Nintendo, одете на: https://accounts.nintendo.com/term_point. За да го видите договорот за сметката на My Nintendo, одете на:
i. Босна и Херцеговина: https://accounts.nintendo.com/term/eula/BA
ii. Србија: https://accounts.nintendo.com/term/eula/RS
iii. Црна Гора:
iv. Албанија:
v. Косово:
vi. Северна Македонија: https://accounts.nintendo.com/term/eula/BA