1. Оваа промоција е отворена за жителите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Латвија на возраст од 18 години или постари, со исклучок на вработените од страна на промоторот, агентите, дистрибутерите или компаниите партнери на промоторот или членовите на потесното семејство (како родители, деца, браќа и сестри, брачен другар и животен партнер и кое било друго лице со коешто живее лицето), и секој којшто професионално е поврзан со оваа промоција.
2. Само за Босна и Херцеговина: Неопходно е купување. Ве молиме, чувајте ја деталната сметката во која се наведени времето и датумот на купување пред да се пријавите за учество, но во рамките на соодветниот промотивен период, бидејќи може да е потребна за потврдување и за победникот да може да ја добие наградата. Потребни се пристап до интернет, паметен телефон со камера, сметка на Poptopia и важечка адреса на електронска пошта.
3. Само за Бугарија, Северна Македонија и Латвија: Не е потребно купување, но потребни се пристап до интернет, паметен телефон со камера, сметка на Poptopia и важечка адреса на електронска пошта.
4. Имајте предвид дека иако сакаме да ве охрабриме да учествувате и да уживате во придобивките од промоцијата, веруваме во разумното конзумирање на нашите производи. НЕ купувајте повеќе производи отколку што разумно можете да искористите или да конзумирате само за да учествувате во промоцијата.
5. Главен промотивен период: Пријавете се од 00:01 ч. CEST (01:01 EEST) на 1 октомври 2024 г. заклучно со 23:59 ч. CET на 7 јануари (00:59 EET на 8 јануари) 2025 г.
6. Продолжен промотивен период: По главниот промотивен период, пријавите за учество поднесени од 00:01 ч. CET (01:01 EET) на 8 јануари 2025 г. заклучно со 23:59 ч. CET на 20 февруари (00:59 EET на 21 февруари) 2025 г., ќе бидат внесени во продолжениот промотивен период.
7. За пријавување за учество во промоцијата само за жителите на Босна и Херцеговина.
Учесниците мора:
a. да купат лименка Pringles;
b. со паметен телефон, да одат на pringles.com/BNI (или pringles.com и да одат до искуството Big Night In);
c. потоа треба да се најават или да регистрираат сметка на Poptopia;
d. да кликнат на „Играј сега“; и
e. да го завршат предизвикот во најбрзо време.
8. За пријавување за учество во промоцијата само за жителите на Бугарија, Северна Македонија и Латвија: Учесниците мора:
a. со паметен телефон, да одат на pringles.com/BNI (или pringles.com и да одат до искуството Big Night In);
b. потоа треба да се најават или да регистрираат сметка на Poptopia ;
c. да кликнат на „Играј сега“; и
d. да го завршат предизвикот во најбрзо време.
9. Дополнителни услови за пријавување:
a. Паметните телефони што користат оперативни системи постари од iOS 14 или Android 9 и моделите на iPhone постари од iPhone 8 може да работат побавно, што пак може да влијае врз времето на завршување на учесникот.
b. Предизвикот може да се активира само со мобилна верзија на Safari 17.1 или понова, Samsung Internet верзија 23 или понова или со Google Chrome верзија 119 или понова. За да се активира предизвикот, мора да се овозможи JavaScript за сите апликации.
10. Само за Босна и Херцеговина: За секое учество мора да имате нова фискална сметка за купување направено во текот на промотивниот период со датум и време пред времето и датумот на пријавувањето за учество. Победниците мора да ја зачуваат деталната сметка во која се наведени времето и датумот на купувањето направено во рамките на промотивниот период што датира пред времето и датумот на пријавување за учество, бидејќи може да е потребна за поврдување и за победникот да може да ја добие наградата. Ако учесникот, на барање на промоторот, не може да достави потврда за купување за сите поднесени пријави за учество, повеќе нема да може да учествува во промоцијата и сите следни пријави ќе се сметаат за неважечки.
11. Дозволено е максимум едно учество по поштенска адреса дневно за време на секој промотивниот период и максимум една награда по наградно ниво по поштенска адреса во текот на сите промотивни периоди.
12. Награди во главниот промотивен период: За време на главниот промотивен период, има вкупно 398 награди за освојување.
a. Награди од ниво 1: Двата (2) победника ќе добијат по еден (1) одмор за победникот и за гостин во Њујорк со приближна вредност од 3.497 ЕУР/6.823 БГН/214.520 МКД (точната вредност ќе се утврди во моментот на прифаќање на наградата). Одморот вклучува:
i. 4 ноќевања во хотел со 4 ѕвезди во Њујорк, САД;
ii. повратни авионски карти во економска класа од најблискиот меѓународен аеродром на победникот до меѓународниот аеродром [ЈФК/Њуарк];
iii. аеродромски трансфери од аеродромот до хотелот и назад;
iv. 1 x искуство Cluedo.
b. Награди од ниво 2: 396 победника, четворица (4) дневно, ќе добијат по една (1) друштвена игра Cluedo, секоја во вредност од по 29 ЕУР/56 БГН/1.778 МКД („Дневни награди“).
13. Награда во продолжениот промотивен период: Во секој продолжен промотивен период може да се освои една (1) награда. Наградата се состои од една (1) друштвена игра Cluedo во вредност од 29 ЕУР/56 БГН/1.778 МКД.
14. Дополнителни услови за награди од ниво 1:
a. Наградите од ниво 1 ќе ги реализира Cloud 9 („агенција за реализирање награди“).
b. Секоја награда важи за победникот и за еден гостин.
c. Искуството Cluedo зависи од датумите на отворање на настанот и ќе бидат соопштени за време на известувањето на победниците. Како алтернатива, промоторот може по свое видување да понуди алтернативно искуство.
d. Еден од двајцата, победникот или гостинот, мора да има над 21 година заради пријавувањето во хотелот.
e. Повратните авионски билети ќе бидат обезбедени од избрани поголеми меѓународни аеродроми најблиску до победникот во земјата во којашто тој живее. Изборот на поголемиот меѓународен аеродром од којшто се поаѓа го прават по свое видување промоторот и агенцијата што ќе ја реализира наградата.
f. Ако гостинот е малолетен, треба да биде во придружба на одговорно возрасно лице и да има оригинална, потпишана согласност за патување од својот законски старател.
g. Одморот мора да се искористи пред 30 ноември 2025 г., во зависност од тоа кога е достапен и исклучувајќи ги периодите од 22 декември 2024 г. до 1 јануари 2025 г. и од 1 јули 2025 г. до 31 август 2025 г. Мора да се даде најава од најмалку 6 недели однапред за претпочитаниот датум на престој.
h. Патните аранжмани, вклучително и трошоците за јавен транспорт, гориво или паркирање, од домот на победникот или гостинот и аеродромот на поаѓање и назад, не се дел од наградата и се одговорност на победникот и на неговиот придружник на патувањето. За да нема забуни, наградата не опфаќа храна, пијалаци, сувенири, бакшиши, трошоци за паркирање или други трошоци од лична природа што не се изречно утврдени во овие правила и услови и ниту промоторот ниту некој друг давател на кој било дел од наградата се одговорни за таквите трошоци. Не се вклучени трансферите од домот на победникот до најблискиот меѓународен аеродром и назад.
i. Правилата што важат за искуството Cluedo може да важат и ќе бидат соопштени на самиот настан.
j. Победникот и гостите мора да се придржуваат до сите правила и услови што се дел од наградата и за коишто ќе бидат известени за време на известувањето на победниците. За време на настанот/на локацијата, не смеат да: бидат пијани, алкохолизирани, под дејство на дроги, малолетни, да злоставуваат, да се закануваат, да вршат или да поттикнуваат расна злоупотреба, да скандираат, да користат навредлив јазик, да прават непристојни гестови, да фрлаат предмети, да се однесуваат антисоцијално, да носат ласерски пенкала, да носат животни (освен кучиња-водичи), да носат оружје или нелегални супстанции, да носат свеќи, да се качуваат по површините, да прават прекумерна бучава, да нудат предмети за продажба, да го оштетуваат просторот или да пушат. Ако не ги почитуваат овие правила и услови, на победникот и/или на гостинот може да не им биде дозволен влез или да бидат избркани од настанот/локацијата.
k. Вклучени се сите авионски такси, доплати и едно парче пријавен багаж по лице.
l. Наградата ќе се договори преку е-пошта меѓу агенцијата што ќе ја реализира наградата и победникот. Агенцијата што ќе ја реализира наградата ќе вложи разумен напор да му обезбеди на победникот информации за наградата во најскоро можно време. Промоторот и агенцијата што ќе ја реализира наградата го имаат последниот збор за сите елементи и аспекти за начинот на организирање на наградата. Откако ќе се потврдат деталите за наградата, вклучително и датумите и локациите, победникот не може да ги менува или модифицира.
m. Победникот и гостинот се одговорни да си извадат осигурување на сопствен трошок (меѓу другото и здравствено и патничко осигурување, осигурување од кражба, загуба или оштета на сопственост) што може да биде потребно или пожелно да се извади.
n. По издавањето на билетите, тие важат само за прикажаните летови, датуми и време. Не се достапни алтернативи. Не е дозволено менување на имињата по потврдувањето на летовите.
o. Победникот и гостинот мора да се придржуваат до објавените услови на летање со превозникот.
p. Победникот нема да има право на никаков надомест и нема да бара надомест од организаторите, обработувачот или промоторот ако одморот или некој друг настан што е дел од наградата се одложи, задоцни, се презакаже или се откаже.
q. Не е дозволен пристап до чекалните за ВИП-гости и до дополнителни услуги. Летовите не може да се користат во комбинација со програми за лојалност од промоторот/некој друг, други попусти, купони за попусти или ваучери, промоции или специјални понуди. Не може да се собираат поени за чест корисник благодарение на овие авионски билети или друга програма за лојалност.
r. Седиштата од авиопревозникот зависат од достапноста.
s. Победникот и гостинот треба да имаат пасош со важност од најмалку 6 месеци на датумот на патувањето. Сите потребни визи или патничко осигурување се одговорност на победникот и на гостинот. Во случај победникот или гостинот да не можат да отпатуваат поради виза или други лични околности, нема да се издадат алтернативни билети и нема да им се даде надомест или друга награда.
t. Победникот и гостинот мора да патуваат заедно во секое време, на истиот датум и во истото време, на истото патување и да ја делат истата соба во обезбеденото сместување. Победникот целосно ќе ја изгуби наградата ако не се јави на закажаната резервација и промоторот и сите други даватели на наградата нема да имаат никаква обврска кон него.
u. Победникот е одговорен за сопственото однесување и за однесувањето на гостинот за време на искористувањето на наградата. Промоторот го задржува правото по свое видување да го исклучи победникот и/или гостинот од учество во кој било дел од наградата ако не се придржува до насоките од промоторот или од некоја компанија што е поврзана со наградата или ако победникот и/или гостинот постапуваат на начин што е опасен за нив или за јавноста или се однесуваат, според мислењето на промоторот, антисоцијално или на начин што ги вознемирува или им пречи на другите. Непочитувањето на овие правила и услови може да доведе до повлекување на наградата.
v. Сместувањето се состои од 4 ноќевања за две (2) лица во двокреветна соба, со брачен кревет или со одвоени кревети. Сместувањето ќе го избере промоторот по свое видување. Не е вклучен појадок.
w. Победникот е целосно одговорен за сите дополнителни трошоци што ќе настанат во хотелот за време на престојот, меѓу кои и, трошоци за оброци, пијалаци, дополнителни ноќи и услуги, како и соодветните такси, но и други трошоци.
x. За пријавување во собата ќе биде потребна важечка кредитна или дебитна картичка и ќе се користи како гаранција за евентуални трошоци, како повици во собата или услуги.
y. Промоторот ќе го плати трошокот за стандардна соба плус соодветните такси за собата.
z. Наградите мора да се користат во согласност со владините насоки и правилата и ограничувањата за КОВИД-19 што важат во времето на патувањето; организирањето и дополнителните трошоци за тестирање за КОВИД-19, сместување во карантин или сè друго што може да се побара, се исклучиво одговорност на победникот и на гостинот.
aa. Наградата ќе се изгуби ако:
i. победникот не ги обезбеди сите потребни патни исправи до датумот наведен од промоторот;
ii. победникот има некакви имиграциски компликации што го спречуваат да влезе, излезе или да патува во однапред резервираниот период; или
iii. победникот има некаква здравствена, законска или друга причина што го спречува да ја прифати и да учествува во наградата.
bb. Учесникот/победникот е одговорен да даде точни, ажурирани податоци кога ќе се пријави за учество во промоцијата и/или кога ќе го потврди прифаќањето на наградата за да може да се обработи наградата. Промоторот нема да биде одговорен ако победникот не даде точни податоци и тоа ќе влијае врз прифаќањето или испораката на наградата.
cc. Победникот и гостинот се одговорни да проверат дали има некакви препораки за патување од страна на некоја влада, да одлучат дали сакаат да го прифатат ризикот од патување на дестинацијата. Промоторот нема да биде одговорен за никаква загуба или штета што може да ја претрпи победникот или гостинот што произлегува од непочитување на препораките за патување дадени од страна на некоја влада. Победникот и гостинот мора да се придржуваат и се одговорни да ги добијат сите информации во врска со сите препорачани вакцини и да се вакцинираат и информираат за сите здравствени прописи во земјата-дестинација на наградата.
dd. Сите елементи од наградата мора да се сметаат како дел од истото патување.
ee. Победникот мора да го извести промоторот за потреба за пристап со инвалидска количка или за други слични потреби.
15. Избирање победници во главниот промотивен период:
a. Избирање на добитници на награда од ниво 1: Двата (2) учесника коишто успешно ќе го завршат предизвикот во најкратко време за време на главниот промотивен период ќе се сметаат за привремени победници во ниво 1 во главниот промотивен период („Привремени победници во главниот промотивен период“).
b. Избирање на добитници на награда од ниво 2: Четворицата (4) учесници коишто успешно ќе го завршат предизвикот во најкратко време секој ден за време на главниот промотивен период (вкупно 396 победници) ќе се сметаат за привремени дневни победници од главниот промотивен период и ќе освојат награда од ниво 2 („Привремени дневни победници“).
16. Избирање на победници во продолжениот период: Учесникот којшто успешно и најбрзо ќе го заврши предизвикот во текот на продолжениот промотивен период ќе се смета за конечен победник („Финален привремен победник“).
17. Во случај на изедначен резултат меѓу двајца или повеќе потенцијални победници поради еднакво време на завршување, за време на главниот промотивен период за наградите од ниво 1, на кој било ден во рамките на главниот промотивен период за дневните награди или по продолжениот промотивен период, тие учесници ќе бидат контактирани и ќе треба да одговорат на следново прашање: „Кога би биле лик од Cluedo, кој лик би биле и зошто?
18. Пријавите за учество примени врз основа на клаузулата 17 наведена погоре ќе ги оценува независна трета страна според:
a. оригиналноста (оцена од можни 10);
b. креативноста (оцена од можни 10); и
c. смислата за хумор (оцена од можни 10).
19. Известување за победниците:
a. Главна промоција: Секој привремен победник во главниот промотивен период и привремениот дневен победник (врз основа на најбрзо завршување на предизвикот дневно или во текот на целиот главен промотивен период или врз основа на одговорот на прашањето од клаузула 17) ќе биде известен по е-пошта, на адресата за е-пошта регистрирана на сметката на Poptopia во рок од 28 дена од завршувањето на предизвикот на веб-локацијата на Pringles или одговарањето на прашањето од клаузула 17 и можеби од него ќе се побара да обезбеди докази за идентитетот и за подобноста. Доколку привремениот победник во главниот промотивен период или привремениот дневен победник не одговори кога првично ќе биде контактиран во рок од 14 дена или е дисквалификуван поради некакво прекршување на овие правила и услови, промоторот го задржува правото да му ја додели наградата на следниот најбрз учесник од главниот промотивен период или од соодветниот ден.
b. Продолжен промотивен период: Конечниот привремен победник ќе биде известен по е-пошта на адресата за е-пошта регистрирана на неговата сметка на Poptopia во рок од 28 дена од завршувањето на продолжениот промотивен период и од него може да биде побарано да даде доказ за идентитетот и за подобноста. Доколку конечниот привремен победник не одговори кога првично ќе биде контактиран во рок од 14 дена или е дисквалификуван поради некакво прекршување на овие правила и услови, промоторот го задржува правото да му ја додели наградата на следниот најбрз учесник од продолжениот промотивен период.
20. По завршувањето на продолжениот промотивен период, во случај наградите да се одбиени, неиспорачани, непобарани или вратени на праќачот во текот на промотивниот период, или ако прелиминарниот победник во главниот период, привремениот дневен победник или привремениот конечен победник (колективно „Привремениот победник“) е дисквалификуван поради некаква повреда на овие правила и услови, промоторот го задржува правото да му ги додели на следниот најбрз учесник што успешно го завршил предизвикот во текот на главниот промотивен период или продолжениот промотивен период во којшто првично била доделена наградата. Бидејќи ова зависи целосно од тоа што е освоено во текот на промоцијата, не е познат бројот на награди што може да бидат доделени на овој начин. Сите што станале победници на овој начин, ќе бидат известени по е-пошта во рок од 28 работни дена од крајот на продолжениот промотивен период.
21. Прифаќање и испорака на наградата: Од привремените победници може да биде побарано да дадат доказ за идентитетот или за подобноста. Откако привремениот победник ќе обезбеди доказ за идентитетот и за подобноста, ако му е тоа побарано, треба да внимава дали ќе прими е-пошта со потврда дека е победник, како и дополнителни податоци за наградата. Дозволете до 10 дена за известување за организирање на реализацијата на наградата на адресата на е-пошта што сте ја дале при регистрирањето сметка на Poptopia.
22. Иако не се очекува тоа да се случи, доколку е-поштата со дополнителни информации за наградата не пристигне во рок од 10 дена од известувањето на победникот, победниците ќе имаат уште 28 дена за да го информираат промоторот така што ќе ја посетат страницата „Контакт“ на Pringles.com. Доколку победникот не го стори тоа, промоторот го задржува правото да не ја издава повторно наградата или да ја ограничи нејзината вредност по свое видување.
23. Посредување: Промоторот ќе ги одбие пријавите врз основа на клаузула 17 што според разумна процена на промоторот:
a. содржат навредлива содржина или можат да влијаат негативно врз името, угледот или реномето на промоторот;
b. клеветат, претставуваат во погрешно светло или навредуваат други лица или компании, вклучувајќи го, но не ограничувајќи се на промоторот (вклучувајќи ги неговите партнери); и/или промовираат некаква политичка агенда.
24. Победниците се одговорни да достават точни лични податоци на нивната сметка на Poptopia за да ја подигнат наградата. Промоторот нема да биде одговорен за неиспорачување на наградата поради давање погрешни податоци. Адресата на е-пошта или поштенската адреса на победникот не може да се ажурира по пријавувањето.
25. Победниците нема да сносат никакви трошоци за подигнување на наградата или на еквивалентните бенефиции. Потрошувачот може да има трошоци за пријавување за учество во промоцијата. Победниците нема да сносат никакви трошоци во врска со активностите што ги презема промоторот за победникот да ја добие наградата.
26. Промоторот може да побара победниците да прифатат разумни активности за зголемување на публицитетот што произлегуваат од промоцијата, како што се употребата на името на победникот, гласот, градот/областа на живеење, фотографиите, видео или филмските клипови и/или други визуелни материјали за рекламни и/или трговски цели и/или за која било друга цел во кој било познат медиум или формат што постои сега или ќе постои понатаму, без дополнителен надомест (финансиски или друг). Учеството е по одлука на победникот и не е услов за прифаќање на наградата.
27. Промоторот се обидува да спроведе фер и безбедни промоции и да спречи злоупотреба и мамење. Ако учествувате на начин што не е во согласност со овие правила и услови, пријавите за учество (и тие направени под кој било од поврзаните псевдоними) ќе бидат дисквалификувани, секоја доделена награда може да се прогласи за неважечка и да биде повлечена, а промоторот го задржува правото да ви забрани пријавување за учество во идни промоции за период од најмалку шест месеци. Затоа, промоторот го задржува правото во секој момент:
a. да ја потврди подобноста на учесниците и/или на прелиминарните победници со барање на информации за коишто тој смета дека се разумно неопходни за таа цел; да не дозволи одобрување на учеството или наградата ако не се направи и не се заврши задоволително процесот на верификација;
b. да дисквалификува пријави за учество што не се поднесени директно од поединецот што се пријавува во промоцијата;
c. да дисквалификува пријави за учество направени со користење на анонимни услуги за е-пошта, како што се, но не ограничувајќи се на, GuerillaMail, Dispostable или Mailinator;
d. да дисквалификува масовни учества од поединци, трговци, групи потрошувачи или трети страни, нецелосни учества и учества поднесени со макроа или други автоматизирани средства;
e. да дисквалификува пријави за учество во поголем број од максимално дозволениот број или за коишто се користат техники како што се „скрипта“, „брутална сила“, маскирање на идентитетот со манипулирање со IP-адреси, користење туѓи псевдоними или идентитети или какви било други средства;
f. да дисквалификува учества коишто на некој друг начин не ги исполнуваат целосно барањата од овие правила и услови.
28. Учесниците мора да ги пополнат податоците користејќи го своето правно име. Промоторот го задржува правото да го дисквалификува секој учесник којшто користи повеќе имиња или адреси на е-пошта и да бара од него да ги врати сите награди што можеби ги освоил.
29. Со исклучок за жителите на Украина коишто освоиле награда од ниво 1, наградите не се преносливи или заменливи и наместо нив не може да се добие еквивалентна парична вредност или каков било друг вид компензација.
30. Доколку од некоја причина некој елемент од наградата не е достапен, промоторот го задржува правото, по свое видување да ја замени со друга награда, со еднаква или поголема вредност.
31. Сите даноци што треба да се платат за да се подигне наградата се одговорност на победникот.
32. Ако промоцијата не може да продолжи како што е планирано од причини коишто вклучуваат, но не се ограничени на манипулации, неовластени интервенции, измама, нечесност, технички дефекти или какви било други причини коишто се надвор од контрола на промоторот, коишто ја корумпираат или влијаат на администрацијата, безбедноста, правичноста, интегритетот или правилното спроведување на промоцијата, промоторот го задржува правото да го дисквалификува секое поединечно лице коешто го попречува процесот на пријавување за учество или не ги почитува овие правила и услови, или да ги поништи сите засегнати пријави за учество и/или да ја откаже, измени или суспендира промоцијата.
33. Нема да се преземе никаква одговорност за пријави за учество коишто се изгубени, одложени, корумпирани, оштетени, погрешно упатени или нецелосни или коишто не можат да бидат пратени поради која било причина поврзана со техниката, испораката или друго. Доказот за испраќање нема да биде прифатен како доказ за прием. Промоторот не гарантира континуиран или безбеден пристап до промотивната веб-страница.
34. Промоторот, агенцијата што ќе ја реализира наградата и сите други поврзани агенции и компании нема да бидат одговорни за каква било загуба (вклучувајќи, без ограничување, индиректна, посебна или последователна загуба или загуба на добивка), трошок или штета што е претрпена или нанесена (без разлика дали произлегува или не од небрежност на некое лице) во врска со оваа промоција или прифаќање или користење награда, освен за одговорност што не може да се исклучи со закон. Промоторот не се ослободува од одговорност во никој случај за смрт или лична повреда настанати поради негова небрежност.
35. Промоторот нема да биде одговорен за какво било доцнење или неисполнување на обврските поради причини надвор од неговата разумна контрола коишто произлегуваат од, но не се ограничени на, Божји дела, глобална или регионална епидемија или пандемија, неповолни временски услови, пожар, индустриски спор, војна, терористичка активност, непријателства, политички немири, бунт, граѓански неред, чума или други природни незгоди или какви било други околности на промоторот.
36. Обврзани сме да ја заштитиме вашата приватност. Kellogg Europe Trading Limited (Kellogg) и агенцијата што ја реализира наградата ќе ги обработуваат вашите информации само за следните цели: (1) Да се спроведе оваа промоција во согласност со правилата и условите, и (2) да стапи во контакт со вас во врска со идни промоции и заради маркетинг цели. Никогаш нема да им ги продадеме вашите податоци на трети лица, но може да ги комбинираме со податоци од други извори со цел да изградиме анонимизирани/псевдонимизирани профили за целно рекламирање. Вашите податоци ќе се обработат и ќе се чуваат на сервери што се наоѓаат во Соединетите Американски Држави. Kellogg се погрижи сите обработувачи на информации што ги користиме да се обврзани во согласност со стандардните договорни клаузули на ЕУ за да осигуриме почитување на заштитата на податоците. Ќе ги чуваме податоците сѐ додека ви важи согласноста и сè додека сакате да добивате маркетиншки дописи. Имате право да пристапите до вашите податоци, да ја повлечете согласноста или да ги избришете. Исто така, имате право да стапите во контакт со надзорен орган. За дополнителни прашања за тоа како ги користиме вашите податоци, погледнете ја нашата Политика за приватност. Можете да ни се обратите и на DataPrivacyOfficer@kellogg.com. Со сите информации собрани за учесниците во оваа промоција ќе се постапува доверливо во согласност со Политиката за приватност на промоторот, што може да се најде на: www.pringles.com/centraleurope/en/privacy-policy.html
37. Со сите лични податоци коишто победникот ѝ ги дал на агенцијата што ја реализира наградата ќе се постапува во согласност со нејзината политика за приватност којашто е достапна на: www.uponcloudnine.co.uk/privacy.html.
38. Доколку се бара со закон или кодекси за саморегулација што го регулираат функционирањето на промоцијата, од промоторот може да се бара да сподели некои лични податоци на победниците со надлежните органи, само до оној степен до којшто тоа законски се бара. Овие информации може да вклучуваат име, презиме, област на живеење на победниците или кои било други лични податоци што промоторот треба да ги сподели.
39. Ако некој дел од овие правила и услови е легално прогласен за неважечки, незаконски или неспроведлив, останатиот дел нема да биде засегнат и ќе продолжи да важи со целосна сила и дејство.
40. Ако се пријавите за учество, ќе се смета дека сте се согласиле да бидете обврзани со овие правила и услови.
41. Ако има несовпаѓање помеѓу овие правила и услови и оние во кој било промотивен материјал, овие правила и услови ќе преовладаат.
42. За овие правила и услови важат законите во соодветната земја на секој учесник, а учесниците се под ексклузивна надлежност на судовите во земјата во којашто живеат.
Промотор: Kellogg Europe Trading Limited, 3 Dublin Airport Central (DAC), Dublin Airport, Dublin (регистарски број на фирмата 0387390). ВЕ МОЛИМЕ, НЕ ПРАЌАЈТЕ ПРИЈАВИ НА ОВАА АДРЕСА.